Поранешна НБА-ѕвезда го „нападна“ Словенецот: Дончиќ мора да се погледне во огледало!

283

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ на почетокот на сезоната беше меѓу главните кандидати за МВП наградата, сам го водеше Далас и покажа дека навистина е суперѕвезда, но од паузата на Ол Стар, поточно од доаѓањето на Кајри Ирвинг во Тексас, сè се смени за него и за Маверикс. Западнаа во лош ритам, губеа како на лента, атмосферата се влошуваше, а Лука Дончиќ играше се помалку, поради што на крајот беше прв на удар.

Дончиќ призна дека има „приватни проблеми“ и дека „не ужива во кошарката како порано“, а сето тоа додека има само 24 години. Неговите зборови ги загрижија навивачите на Далас, a НБА легендите не ги штедеат своите зборови.

Славниот Реџи Милер беше груб: Ајде да бидеме реални. Лука Дончиќ мора да се погледне во огледало, нели? Ме нервира што се обвинува само Кајри Ирвинг. Лука мора да се погледне и да се запраша: Што можев да направам подобро“, изјави познатиот кошаркар кој не е првпат да го „боцка“ Словенецот, претходно збореше дека е дебел.

Милер истакна дека очекува Лука Дончиќ да трча повеќе, бидејќи според него изгледале многу подобро кога само Ирвинг бил на паркетот и ја вршел „валканата работа“, што никогаш не било предност за Словенецот.

ПретходноНова сензација во Монте Карло: Данец му одржа лекција на Медведев!
СледноМладинците на ШК Алкалоид со одличен резултат на турнирот во Крагујевац