По серија од 8 натпревари без победа, конечно, радост за Столе Димитриевски и навивачите на Рајо Ваљекано. Вечерва во меч од 29. коло на Ла Лига, Димитриевски го предводеше својот тим од голот до победа од 2:1 над екипата на Осасуна, што значеше прва победа за тимот од Ваљекас по пауза од повеќе од два месеци.
Домашните поведоа со автоголот на ернандез во 40. минута, а набрзо дојде и вториот гол во гостинската мрежа кој го постигна Палазон во 43. минута.
Ова брзо и убедливо водство на домашните, гостите успеаја само да го ублажат благодарение на голот на Гомез во 66. минута од средбата. Димитриевски беше одличен на голот на Рајо, а со своите соиграчи вечерва ја прославија 10-тата сезонска победа која ги остана на 9. место на табелата во Ла Лига.