Шчесни: Се е во ред со мене, но навистина се исплашив бидејќи не можев да дишам (ВИДЕО)

464

Тимот на Јувентус синоќа во рамките од елиминационата фаза во Лигата на Европа го совлада Спортинг Лисабон на домашен терен со 1:0, но резултатот од мечот падна во сенка по немилите настани кои се случија на половина од натпреварот.

Голманот на домашните, Војчех Шчешни во еден момент побара лекарска помош бидејќи почувствува тегоби во градите. Лекарскиот тим на Јуве веднаш реагираше, тој беше заменет и веднаш замина на пегледи. Истите за среќа покажаа дека не се работи за ништо сериозно, туку само за забрзана работа на срцето.

„Се исплашив многу. Не можев да дишам. Сега се е во ред. Ги направивме потребните прегледи кои покажаа дека се е ок. Навистина бев преплашен“ – изјави Шчешни.

ПретходноГОК Борец ја доби “мајсторката” во Тетово и закажа финале со Струмица Н.
СледноТен Хаг: Серија на пехови и повреди доведе до тоа да не победиме на овој меч