Аеродром на нозе, Дамјан со порака пред Цибона: Мора да се изгине од првата до последната секунда!

210

МЗТ Скопје денеска (18 часот) во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува Цибона во последното коло од регуларниот дел од сезоната. Актуелниот македонски првак има само една опција – победа за останување во игра опстанок. Но, тука целата работа нема да биде завршена, утре ќе се чека триумф на Будуќност против Борац Чачак за комплетен пресврт и голема шанса за останување меѓу големите во јадранското друштво.

Вратите на салата се отворени, кошаркарите, раководството и тренерите посакуваат максимална поддршка, добро е познато дека ритамот на навивачите секогаш носи големи резултати.

„Свесни сме дека ова е исклучително важен натпревар. Во АБА-лигата нема слаби противници, но без разлика на моментната ситуација ќе мора максимално да ја респектираме Цибона. Само со добра игра и максимална енергија, како и со гинење во одбраната од првата до последната секунда ќе можеме да стигнеме до посакуваната цел“, изјави Дамјан Стојановски.

ПретходноЧеде Јаневски и АЕЛ Лимасол “раскинаа“!
СледноЛицемерот Кристијано Роналдо!