Јувентус го победи Спортинг со 1:0 во првото 1/4-финале од Лига Европа. „Старата дама“ не одигра најдобро на овој меч, но имаше среќа навреме да погоди и да го одржи водството се до крајот на мечот.
Тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри е свесен дека на реваншот во ЛИсабон неговиот тим го чека и тоа како тежок натпревар.
„Најважно е што Шчесни е добро и неговата ситуација не е сериозна. Среќен сум со голот на Гати, со прекрасната одбрана на Перин , со враќањето на Погба . Остануваат уште многу натпревари до крајот на сезоната и ќе ни требаат сите“, прокоментира тренерот на „бјанконерите“.
„Сега го насочуваме нашиот фокус кон Серија А. Во недела играме против Сасуоло , а ова е тим со многу добри играчи. Треба брзо да се опоравиме“, изјави Алегри.