Време е да се дознае кој е кој…. ВМФЛ дерби на сезоната Вардар – Гостивар

1113

Македонската фудбалска јавност денеска од 16:00 часот ќе има можност да го проследи дербито на сезоната во ВМФЛ шампионатот. На стадионот Борис Трајковски во Скопје, Вардар го пречекува тимот на Гостивар во дуел кој со сигурност ќе го одреди текот, а и разрешницата на тековната сезона до самиот крај.

Зошто? Затоа што двата тима вклучувајќи ја тука и Воска се на првите три места на табелата распоредени во само поен разлика еден од друг. Тоа значи дека победа, реми или пораз, директно влијае на позицијата на тимот, а и на ривалот автоматски.

Воска во моментов е прва со 56. бода, Вардар е втор со 55. додека пак Гостивар е трет со 54. Вардар на денешниот дуел секако дека е фаворит, барем на хартија, затоа што едноставно најтрофејниот клуб во Македонија каде и да се појави е фаворит, а и домашниот терен ќе го направи своето. „Комити“ подготвуваат спектакл, се мобилизираат десетина дена, а Гостивар пак со својот за ВМФЛ прилики супер тим ќе се обиде да остане барем непоразен. Од друга страна пак, се останато да овој клуб ќе е премија, и тежок удар за ривалот.

Останатите мечеви од ова коло се играат викендов, но едно е јасно дека од исходот на овој дуел зависи ама буквално се потоа до крајот на шампионатот.

 

ПретходноАлегри: Ќе имаме тежок реванш во Лисабон
СледноПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: МЗТ Скопје ја доби мајсторката и закажа полуфинале со Баскет Кам