Во моментов ирачот на тимот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган ги има веќе договорено сите детали околу негов летен трансфер во тимот на Барселона.
Новинарот Виктор Мало тврди дека германскиот интернационалец веќе потпишал преддоговор. Но, од „Камп Ноу“ ќе ја соопштат оваа вест дури откако ќе заврши сезоната.
Главната причина за ова е фактот што Гундоган на лето ќе стане слободен играч, а на Барселона и тоа како и се потребни слободни, искусни играчи од врвен калибар.
Каталонците го обезбедија и потписот на Мартинез од Атлетик Билбао , а нивна следна цел е Јаник Фереира-Караско. Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид се согласи да премине во Каталонија.