Се чини дека и во новата сезона, таа 2023/24, Реал Мадрид ќе биде предводен од Карло Анчелоти. Имаше многу шпекулации за тоа дали Дон Карло ќе си оди или не, дали Флорентинот Перез ќе му врачи отказ или, сепак сите тие нејаснотии ги разреши самиот италијански стратег:
„Верувам дека ќе останам овде и во наредната сезона, без дилеми. Имав разговор со претседателот, бепе отворен кон мене и се сложивме дека и во наредната сезона ќе биде добро да останам во Реал Мадрид. Јас сакам својот договор да си го испочитувам до крајот“ истакна Анчелоти.