Следниот петок, на 21 април во Женева се игра полуфиналето од Лигата на Шампините за младинци меѓу Хајдук и Милан. Ова е историски дуел за клубот од Сплит, за младите херои кои во 1/8 и 1/4 финалето ги минаа Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.
За овој меч има невиден интерес меѓу фановите на Хајдук, имено за два дена продадени се 3.000 билети преку онлајн, а се очекуваа таа бројка да порасне дури на 5.000. Со оглед на интересот од цела Западна Европа, се претпоставува дека околу 15.000 Хрвати следниот петок ќе бидат на трибините на стадионот во Женева, кој собира 30.000 билети и ќе го бодрат својот Хајдук во битката за пласман во големото финале во младинската Лига на Шампионите.
По големи успеси, цел Балкан е сега со Хајдук, овие млади фудбалери покажаа дека и без многу пари може да се дојде до фантастични резултати, дека на овие простори се игра фантастичен фудбал.