Клоп за Белингем: Ако дете сака Ферари…

493

Џад Белингем е една од младите мега – ѕвезди на светскиот фудбал по кого сите големи клубови, гиганти едноставно “трчаат“. Играчот за врска на Борусија Дортмунд и репрезентативец на Англија, после Мбапе и Халанд, е најпосакувакиот фудбалер од страна на гигантите, но сепак за него “милионерите“ бараат 120 милиони евра.

Во текот на изминатите денови се шпекулираше дека Ливерпул веќе го завршил трансферот, а потоа шок, тренерот на “редси“ Јирген Клоп со една своја изјава ги разочара фановите на клубот од „Енфилд“.

Не сакам да говорам за играчи кои не се во Ливерпул. Но, кога веќе ме прашувате за Белингам, што да кажам? Тоа е како дете од 5 години посакува за Божиќ да му купите Ферари. А ни тоа дете не може да го вози Ферарито, а ние вие не можете да си го дозволите. Тоа е се што можам да кажам на ова тема“ посочи Германецот.

ПретходноЖенева ќе “гори“: Невиден интерес на хајдуковците за дуелот од 1/2 финалето во ЛШ со Милан!
СледноМакедонија од вториот шешир ќе ја чека ждрепката за квалификациите за ЕП!