Во меч од 30. коло од италијанската Серија А, Лацио вечерва на гости лесно ја совлада Специја со 3:0 и покажа исклучителен квалитет, достоен за борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. Избраниците на Маурицио Сари одиграа многу добар натпревар и на крајот победата не можеше да им побегне.
Гостите поведоа во 36. минута, откако Чиро Имобиле погоди за 1:0 од белата точка. Во вториот дел гостите одиграа феноменална акција во 52. минута, а истата заврши со гол на Фелипе Андерсон за 2:0.
Крајот на овој натпревар беше ставен во 89. минута. Резервата Маркос Антонио погоди за конечни 3:0 со еден извонреден пробив до противничкиот гол.
GOAL | Spezia 0-1 Lazio
⚽️ Ciro Immobilepic.twitter.com/l45cmraX4E
— VAR Tático (@vartatico) April 14, 2023
GOAL | Spezia 0-2 Lazio
⚽️ Felipe Anderson 🇧🇷pic.twitter.com/m3IK2gzh7X
— VAR Tático (@vartatico) April 14, 2023
GOAL | Spezia 0-3 Lazio
⚽️ Marcos Antôniopic.twitter.com/xUBjei98ia
— VAR Tático (@vartatico) April 14, 2023