И од Кристијано Роналдо да е, сепак е премногу. Да, можеби е екстра фудбалер, еден од најдобрите во историјата на овој спорт, но сега се знае дека е и голем лицемер.
Барем така го “именуваат“ светски медиуми по објавата на социјалните мрежи по отказот кој го доби тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија.
Имено се шпекулира дека Гарсија добил отказ на барање на самиот Роналдо, а ваму тој искажува жалопојки…
“Задоволство беше да се соработува со тебе. Ти посакува се најубаво во иднина“ напиша Португалецот на Инстаграм.