Нашата најдобра ракометна женска селекција се најде во вториот шешир во пресрет на ждрепката за квалификациите за ЕВРО 2024.
Имено како што информираа од страна на ЕХФ, нашите ракометарки се наоѓаат во вториот шешир, и од таму ќе ги чекаат противничките репрезентации во претстојните квалификациии.
Самата ждрепка ќе се одржи на 20 април во Цирих. Ќе има осум квалификациски групи, а пласман на ЕВРО 2024 ќе изборат двете најдобри селекции од секоја група и четирите најдобро третопласрани селекции.