Мурињо: Во Рома не игра Халанд па да постигнуваме многу голови
158
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, по поразот од Феенорд во првото четвртфинале во Лигата на Европа призна дека неговиот тим имал проблеми во нападот. Римјаните упатија 17 удари кон противничкиот гол, но само два беа прецизни и во рамки на голот, а Лоренци Пелегрини промаши дури и пенал.
„Ја немаме Халанд во нападот. Такви сме ние и секогаш се трудиме да дадеме се од себе. Момците одиграа добро. Можевме да постигнеме подобар резултат, но за жал не го сторивме тоа“, изјави Мурињо па додаде.
„Домаќините беа многу мотивирани да се одмаздат за поразот во финалето на Конференциската лига минатата сезона. Но, знаете, не можете да победите на меч што веќе сте го изгубиле. Дури и Феенорд да победеше со 10:0, немаше да го промени резултатот од ланското финале“, изјави Специјалниот.