НБА-лига го казни Далас за одлуката да не се бори за место во плеј-ин, како и одлуката на дуелот против Чикаго Булс мала минутажа да добие Лука Дониќ и неколку стандардни кошаркари.
Раководството на најсилното светско клупско натпреварување го казни првиот човек Марк Кјубан е казнет со 750.000 долари.„Тимот на Далас маверикс е казнет со 750.000 долари за прекршување на правилата за одморање на играчи. Луѓето од Далас преку своите дејствија, но и изјави по натпреварот покажаа дека победата против Чикаго не им беше во преден план, сакаа со пораз да стигнат до подобра позиција на претстојниот драфт. Со тоа е нарушен интегритетот на спортот и на лигата, за што мораше да следи соодветна казна“, објавија од НБА-лига.