Партизан не губи во Белград, Жалгирис последен до место во ТОП 8

290

Во последното коло од регуларниот дел на Евролигата, белградски Партизан го совлада Панатинаикос со 83:81 во преполната арена и на најдобар можен начин го најави својот настап во ТОП 8.

Иако на стартот не одеше се според планот за домашните, до крајот благодарение и на одличната публика, Партизан успеа да дојде до посакуваната победа. Ексум одигра одличен меч со 18 поени, додека Пантер постигна 17. Кај гостите со 19 поени најефикасен беше Бејкон.

Вредна победа вечерва за кошаркарите на Жалгирис кои го совладаа Баерн на гости со 83:30 и успеаја да го добијат последниот билет за место во разигрувањето. На крајот извиси Басконија која заврши како деветта.

Вечерва победа на домашен терен остварија и кошаркарите на Анадолу Ефес кои го совладаа Монако со 87:72, како и Барселона која беше подобра од Валенсија со 85:71.

ПретходноАтлетико нема да го продаде Жоао Феликс за помалку од 100 милиони евра
СледноЛацио покажа моќ: Убедлива победа на „орлите“ на гости кај Специја (ВИДЕО)