Пех за Јунајтед: Мартинез има скршеница, во аут до крајот на сезоната

208

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез заработи повреда на синоќешниот прв натпревар од четвртфиналето на Лигата на Европа против Севиља, а деталите за неговата состојба ги објавија од клубот денеска. Репрезентативецот на Аргентина има фрактура на петтата метатарзална коска на десното стапало.

Медицинскиот персонал на „црвените ѓаволи“ се уште не е сигурен дали е најдобро Мартинез да се оперира или да почека коската сама да зарасне. Во секој случај, тој ќе отсуствува најмалку еден месец и нема да игра повеќе во тековната сезоната.

Дефанзивецот се повреди на крајот на натпреварот кој заврши 2:2.

ПретходноОдбојкарките во Сребрената лига ќе почнат со три средби дома, па потоа трипати ќе гостуваат
СледноКореографија и посетеност за историја: Партизан постави апсолутен рекорд во Евролигата!