На супер-дербито меѓу Вардар – Гостивар, во рамките на 24.коло во ВМФЛ кое се игра попладнево, пред преполниот “Борис Трајковски“ по првите 45.минути резултатот е 0:0.
Во еден од решавачките мечеви за врвот на табелата се води вистинска фудбалска “војна“, со шанси за двете екипи. Вардар подобро отвори, Размоски и Глишиќ опасно се заканија, но Гостивар врати преку Рамадани и Каланоски.
Во самиот финиш Глишиќ од слободен удар за малку беше непрецизен, а претходно гостинскиот стопер Стојчевски доби директен црвен картон со што ги остави своите соиграчи со играч помалку.
Во последните секунди Десниќ беше во шанса, но од гостите од гол – линијата ја извадија таа топка. Останаа само воздишки кај вардаровите фанови.
Да кажеме дека одамна не сме виделе така “Борис Трајковски“ да биде исполнет, преполнет со фанови. Многумина,стотина фанови не можеа да влезат со оглед на тоа дека нема место на единствената трибина.
Да се надеваме дека во вториот дел ќе видиме и некој гол.
Се играше агресивно, борбено до максимум, влогот е голем.