ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: МЗТ Скопје ја доби мајсторката и закажа полуфинале со Баскет Кам

60

Кошаркарките на МЗТ Скопје ќе играат во полуфиналето на плеј-офот во женската Прва лига откако во третиот натпревар, беа подобри од Вардар со убедливи 63-82 за 2-1 во четвртфинална серија.

Таму за противник ќе ја имаат екипата на Баскет Кам 2011 која претходно во два натпревари го елиминираше кавадаречки Пробаскет.

Клучна за конечниот епилог на овој одлучувачки натпревар беше третата четвртина. Десет минути во кои избраничките на тренерот Вела Красниќ одиграа одлично, посебно во одбраната.

По егал-скорот во првото полувреме (минимално водство 41:40 на Вардар), гостинките направија (26-11), доволни да се одвојат на високи (66:52), кои успеаја да ги задржат, дури и да стигнат до поубедлив триумф кој ги однесе во првата „четворка“ актуелните победнички во Купот на Македонија.

Теа Митрева со 23. поени, шест асистенции и четири скока го предводеше својот состав, Џој Симонс имаше 22 поени и 6. скока, Марија Митева запиша 17 поени и шест скока. Кај Вардар, двоен ефект имаше најискусната кошаркарка, Славица Наков, која запиша 18 поени и десет асистенции.

Полуфиналната серија од плеј-офот, во која ќе разигруваат Баскет Кам 2011 и МЗТ Скопје Аеродром, односно Бадел 1862 и Струга 2009, стартува на 19.април.

ПретходноВреме е да се дознае кој е кој…. ВМФЛ дерби на сезоната Вардар – Гостивар
СледноМурињо: Во Рома не игра Халанд па да постигнуваме многу голови