Откако стана јасно дека шпекулациите за тепачката на Садио Мане и Лирој Сане се вистинити и точни, јавноста во Гер
Една од најголемите фудбалски приказни оваа недела е скандалот со Баерн. Германците објавија дека Садио Мане и Лерој Сане се степале во соблекувалната по поразот од Манчестер Сити со 3:0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Деталите велат дека Мане го удрил Сане во глава, а Баварците објавија дека го суспендирале Сенегалецот.
Но, покрај ова имало и парична казна која засега не е официјализирана. Според „Билд“ тој добил казна од половина милион евра, рекордна во Бундеслигата. Дополнително, се размислувало за долгорочна суспензија, па дури и раскинување на договорот. Сепак, според истиот извор, Сане во разговор со клупските челници јасно посочил дека не сака толку строга казна за својот соиграч, а случајот сега се смета за решен. Мане би можел да се врати уште на реваншот против Сити.
Казната од половина милион евра можеби е рекордна за Бундеслигата, но воопшто не е за фудбалскиот свет. Рекордот го држи Кристијано Роналдо. Минатата година Манчестер Јунајтед го казни со околу 1,1 милион евра, откако тој одби да влезе на натпреварот против Тотенхем и го напушти стадионот пред крајот на натпреварот.