СЕХА Исток и СЕХА Југ нема да ги одмеруваат силите!

303

Нови проблеми околу завршницата на СЕХА лигата, и тоа откако матичните олимписки комитети на екипите од СЕХА Југ им забранија да патуваат во Русија и Белорусија.

Источната СЕХА лига, шампионат што не е признат од страна на ЕХФ поради санкциите кон Русија и Белорусија имаше закажано елиминации против екипите од СЕХА – Југ каде што на Ф4 се пласираа и Вардар и Е. Пелистер. Заедничкиот фајналфор требаше да се игра во Санк Петербург.
Вкрстување  меѓу СЕХА – Исток и СЕХА – Југ, нема да има. Барем не оваа сезона. 
Источната федерација денеска објави дека Националните Олимписки комититети им забраниле на „јужњаците“ да играат против екипи од Русија и Белорусија. 

СЕХА Исток ќе си остане на своето сценарио Ф4 да се игра во Ст. Петербург, додека СЕХА Југ, најверојатно ќе игра Ф4 во Задар.

ПретходноКиев им забрани на своите спортисти да се натпреваруваат со Руси и Белоруси, дали “виси“ дуелот со Украина во јуни!
СледноЗавршницата во Купот ќе се игра во Охрид!