Фудбалската асоцијација на Англија одлучи да не го казни четвртиот судија Константин Хацидакис, кој со лакт го удри дефанзивецот на Ливерпул Енди Робертсон на полувремето во ремито 2-2 против Арсенал.
Инцидентот на „Енфилд“ не беше виден забележан во директниот пренос, но веднаш по натпреварот на социјалните мрежи се појавија бројни видео клипови на кои се гледа како судијата го удира дефанзивецот на „Редси“ по брадата.
По сослушувањето на самиот судија и играчот на Ливерпул, како и по разгледувањето на ситуацијата од сите можни агли, ФА одлучи дека нема основа за сериозна санкција.
Самиот судија објави дека веќе му се извинил на Робертсон.