Кога сите помислија дека тимот на Манчестер Јунајтед синоќа на домашен терен ќе стигне до сигурна, висока и убедлива победа во рамките од елиминационата фаза од Лигата на Европа, против Севиља се случи сосема спротивното. Тимот од Олд Трафорд испушти сигурно водство од 2:0 и му дозволи на противникот да израмни во само 5 минути и од негатива да стигне до 2:2.
Сега, на ревашнот Јунајтед ќе има тешка задача, а менаџерот Ерик Тен Хаг објасни како дошло до тоа да Јунајтед да испушти така сигурно водство.
„Натпреварот беше во наши раце. Водевме со 2:0 и требаше да постигнеме трет, па дури и четврти гол. Сè беше до нас, но неколку принудни измени ни ги расипаа плановите. Варан се повреди, а Марсијал долго време не стартуваше во првиот состав и не издржа 90 минути. Го заменив и Бруно Фернандеш , затоа што имаше жолт картон“, објасни Тен Хаг па додаде.
„Постепено ја загубивме контролата врз играта. Потоа дојде повредата на Лисандро, која не остави со десет играчи. Огромен недостаток на лоша среќа е што си дадовме два автогола, но мора да прифатиме дека такви работи се случуваат“, изјави Холанѓанецот.