Фудбалски празник во Маџари: Вардар и со играч повеќе не успеа да го победи Гостивар! (ФОТО)

2951

Во супер – дербито на 24.коло во ВМФЛ, пред преполниот “Борис Трајковски“, Вардар и Гостивар одиграа без победник, 0:0.

Домашните имаа 50 минути и повеќе играч повеќе, но и тоа не беше доволно да се добие ова дерби.

Фудбалски празник во Маџари, фудбалска “војна“ во Маџари меѓу Вардар и Гостивар, битка за пласман во ПМФЛ.

No description available.

Имаше од се по нешто на дербито, но белег на дуелот беше фактот дека како никогаш досега стадионот “Борис Трајковски“ беше претесен да ги прими сите кои сакаа да го проследат овој екстра важен меч.

Штета што не се играше Арената, ова беше супер – дерби за најмалку 10.000 гледачи, кои секако дека ќе ги имаше ако се играше на нашиот најголем стадион.

No description available.

Вардар подобро го отвори ова мега – дерби, и тоа со шанса за Размоски во 5.минута, тоа беше зицер ситуација, но топката отиде над голот. Неколку минути подоцна опасно се закани Глишиќ од слободен удар, но голманот Јашар одбрани.

На другата страна Гостивар почна да игра фудбал по таа 20.минута и веднаш имаше две шанси, Рамадани и Каланоски можеа да ги “расплаката“ сите оние кои попладнево на стадионот во Маџари беа за Вардар.

Во 39.минута Гостивар остана со играч помалку, откако Стојчевски доби директен црвен картон. До крајот на првиот дел Вардар имаше две супер шанси преку Глишиќ и Десниќ, но на пауза се замина со тие 0:0.

Во вториот ден, иако со играч помалку видовме некој друг Гостивар. Гостите беа агресивни, ја контролираа играта, бројчаниот минус на теренот не се гледаше, Вардар се бранеше, но затоа во 63.минута Јусуфи испрати одличен шут, но Јашар одбрани.

No description available.

Каква шанса за Гостивар преку Ѓурѓевиќ во 65.минута, но Гачевски на фантастичен начин ја сочува својата мрежа.

На крај по последниот свиреж на судијата Стојанче Трпчевски, резултатот гласеше 0:0, значи по бод за двете екипи.

Кој е задоволен, а кој не, самите си знаат.

Па така сега Вардар има 56 бодови, а Гостивар 55, а Воска со 56 бодови,но и со меч помалку кој ќе го одигра утре против Тетекс на гости во рамките на ова “Велигденско коло“ во ВМФЛ.

ПретходноМладинците на ШК Алкалоид со одличен резултат на турнирот во Крагујевац
СледноМЗТ Скопје без помошта на Мицовиќ на најважниот дуел!