Атлетико нема да го продаде Жоао Феликс за помалку од 100 милиони евра

138

Иднината на Жоао Феликс и натаму останува нејасна. Португалскиот напаѓач сака да остане во Челзи каде што е на позајмица , а тоа е желба на клубот од „Стемфорд Бриџ“, но засега нема официјални преговори со Атлетико Мадрид, клубот со кој има договор. Феликс според медиумите нема намера повеќе да игра под Диего Симеоне како тренер.

Од друга страна Атлетико Мадрид е подготвен да го продаде Феликс , но за не помалку од 100 милиони евра. Во оваа фаза, Челзи не одлучил дали ќе се обиде да ја намали цената на Португалецот.

Исто така, постои опција Челзи да го испрати Кристијан Пулишиќ во Атлетико како дел од договорот за Жоао Феликс .

Португалскиот репрезентативец кој е сеуште релативно млад и има 23 години собра 13 настапи и 2 гола откако им се приклучи на „сините“ од Лондон.

ПретходноСопственикот на Челзи има список од 8 фудбалери кои одат на продажба
СледноПартизан не губи во Белград, Жалгирис последен до место во ТОП 8