Киев им забрани на своите спортисти да се натпреваруваат со Руси и Белоруси, дали “виси“ дуелот со Украина во јуни!

176

Властите на Украина, земја која е нападната од Русија и која е во војна веќе повеќе од една година, донесоа закон со кој на своите спортисти им се забранува учество во натпреварувањата каде што се и спортисти од Русија и Белорусија.

Дали ова значи дека виси и дуелот од квалификациите за ЕВРО 2024 во Германија, меѓу Македонија и Украина, закажан за 16 јуни во Скопје.

Јасно е дека Русија не учествува во квалификациите, но затоа е тука Белорусија која иако не е во нашата група, сепак учествува во квалификациите и ова се смета како исто натпреварување.

Што ли ќе биде од оваа забрана, секако дека со нетрпение очекуваме, посебно нашата фудбалска репрезентација.

ПретходноМакедонија од вториот шешир ќе ја чека ждрепката за квалификациите за ЕП!
СледноСЕХА Исток и СЕХА Југ нема да ги одмеруваат силите!