Белградски Партизан вечерва во „Штарк Арената“ го игра последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во Евролигата, а веќе успеа да се запише во аналите на натпреварувањето. „Црно-белите“ го урнаа рекордот по посетеност на домашните натпревари во една сезона на Евролигата.
Партизан оваа сезона на домашен терен во регуларниот дел од сеозната го гледале 302.302 гледачи.
Пред почетокот на денешниот дуел со грчки Панатинаикос во центарот на вниманието повторно беа навивачите на белградскиот клуб, кои направија кореографија за паметење.
Партизан веќевобезбеди пласман во Топ 8 фазата од натпреварувањето.
Incredible. #KKPartizan pic.twitter.com/5dHVEj7iLU
— George Zakkas (@ZakkasGeorge) April 14, 2023