Во последното коло од регуларниот дел на Евролигата, белградски Партизан го совлада Панатинаикос со 83:81 во преполната арена и на најдобар можен начин го најави својот настап во ТОП 8.
Иако на стартот не одеше се според планот за домашните, до крајот благодарение и на одличната публика, Партизан успеа да дојде до посакуваната победа. Ексум одигра одличен меч со 18 поени, додека Пантер постигна 17. Кај гостите со 19 поени најефикасен беше Бејкон.
Вредна победа вечерва за кошаркарите на Жалгирис кои го совладаа Баерн на гости со 83:30 и успеаја да го добијат последниот билет за место во разигрувањето. На крајот извиси Басконија која заврши како деветта.
Вечерва победа на домашен терен остварија и кошаркарите на Анадолу Ефес кои го совладаа Монако со 87:72, како и Барселона која беше подобра од Валенсија со 85:71.