Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез заработи повреда на синоќешниот прв натпревар од четвртфиналето на Лигата на Европа против Севиља, а деталите за неговата состојба ги објавија од клубот денеска. Репрезентативецот на Аргентина има фрактура на петтата метатарзална коска на десното стапало.
Медицинскиот персонал на „црвените ѓаволи“ се уште не е сигурен дали е најдобро Мартинез да се оперира или да почека коската сама да зарасне. Во секој случај, тој ќе отсуствува најмалку еден месец и нема да игра повеќе во тековната сезоната.
Дефанзивецот се повреди на крајот на натпреварот кој заврши 2:2.