„Гардијан“: Челзи почна преговори со Рубен Аморим од Спортинг (Л)

98

Челзи во текот на вчерашниот ден наводно разговарал со тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим за испразнетото тренерско место во лондонскиот состав.

Неколку истакнати тренерски имиња вклучувајќи ги Јулијан Нагелсман и Луис Енрике се поврзуваат со испразнетото тренерско место во Челзи, но „сините“ прво почнале да преговараат со Аморим.

„Гардијан“ пишува дека Челзи разговарал со Рубен Аморим и неговиот агент, но нема информации дали има некаков првичен договор. Аморим е тренер во Спортинг од март 2020 година.

ПретходноБудуќност треба да му пресуди на тимот кој не престана да плаче во последните три кола!
СледноСампаоли веднаш си најде нова работа, седна на клупата на Фламенго