Тухел за тепачката: Секој има право од време на време да претера!

342

Баерн Минхен го суспендираше Садио Мане во четвртокот, откако го удри соиграчот Лерој Сане. Тој покрај ова доби и парична казна, според Билд најголема во историјата на Бундеслига.

По поразот од Манчестер Сити со 3:0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, двоецот на Баерн физички се пресмета во соблекувалната. Мане го удри Сане во главата. За оваа ситуација пред Хофенхајм зборуваше и тренерот на Баерн, Томас Тухел.

„Секако дека оваа ситуација не загрижи. Јас не го видов тоа, бев во просторијата за тренери. Разговарав со сите вклучени многу брзо таа вечер. Тоа беше страшен инцидент. Важно беше да се расчистат работите.

За жал, не сме првата екипа што ќе се разниша, а нема да бидеме ниту последни. Начинот на кој овие двајца се справија беше добар. Јас сум првиот адвокат и прв бранител на Мане. Го познавам долго време и го знам само како врвен професионалец. Тој е чист фудбал. Тој ја има мојата целосна доверба“, рече Тухел.

Според тренерот на Баерн секој има право да претере, но не може да не биде казнет кога се крши кодексот на однесување. На прес-конференција истакна дека не размислува за продажба на Мане.

“Секој има право да претера од време на време. Ова беше премногу и против кодексот на однесување. Изгледа многу понемирно однадвор отколку одвнатре. Ова е многу професионален и мирен клуб. Се случуваат многу работи, но во позитивна смисла тоа е и забавно“.

ПретходноФатјон Јусуфи – Струга ТЛ: Нема да биде лесно со Победа, но се знаат нашите амбиции!
СледноПМФЛ: “Пиратите“ го “меркаат“ Работнички, Шкендија го дочекува Тиквеш, “пандевци“ на гости во Ѓорче