Челзи тоне ли тоне, пораз на домашен терен од Брајтон (ВИДЕО)

104

Тимот на Челзи не успева да се справи со резулатската криза ниту со Френк Лампард како менаџер. Загуби на домашен терен од Брајтон со 1:2, и покрај тоа што имаше и стартно водство.

Галагер погоди во 13. минута и кога сите помислија дека конечно и дојде крајот на ужасната серија дојде до сосема спротивен епилог.

Велбек односно Енсико направија пресврт и го оставија во чудо тимот на Челзи што му се случи.

Од друга страна очаен и Тотенхем во дуелот со Борнмут затоа што загуби на домашен терен со 2:3.Сон со почетни 1:0 за домаќинот, изедначи Вина.

Соланке за 1:2, Данџума изедначи во 88.минута но очигледно Тотенхем во моментов не е кадарен да издржи ниту минута па во судиското продолжение интернационалецот од Буркина Фасо, Оутара ги постави конечните 2:3.

Евертон загуби од Фулам со 1:3, Саутемптон од Кристал Палас 0:2, додека пак Вулверхемптон го совлада Брендфорд со 2:0.

ПретходноБледи “лавови“, бледи “пандевци“, играа за да не загубат,…здодевно во Ѓорче! (ФОТО)
СледноИњаки Вилијамс го реши дербито на Баскија