Аријан Адеми, еден од нашите најдобри репрезентативци, денеска го имаше своето официјално деби за тимот на Пекинг Гуан, што значи Аријан денеска ја започна својата кинеска одисеја.
Адеми ги одигра сите 90.минути за својот тим и тоа пред преполниот стадион во Пекинг пред 68.000 гледачи, но сепак не се радуваше на победа. Имено натпреварот меѓу Пекинг Гуан и Меизхоу Хака заврши без победник 1:1. Гостите водеа, а потоа тимот на Адеми израмни во 54.минута од пенал, на кој му претходеше фаул врз нашиот репрезентативец.
Да потсетиме дека пред неколку недели Адеми од Динамо Загреб, каде беше 13 години и стана икона на “модрите“, направи трансфер на Далечниот Исток, во Кина, и тоа за 2,5 милиони евра годишна плата.