Беласица остана без тренер

730

Второлигашот Беласица денеска доживеа пораз од Слога Виница со 2:3 во 24. коло па остана без тренер. Струмичкиот тим го разреши Благој Гуцев од тренерската позиција, па ќе бара нов стратег за преостанатиот дел од шампионатот.

Беласица е име со тежина, име што само по себе носи одговорност. Кога губи Беласица губи Струмица, губиме сите. И покрај успешниот период поминат во клубот, издигнување на клубот од долниот дел на табелата, надигрување со најдобрите во лигата и пред се презентација на млади струмички фудбалери во првиот тим го затворам овој период како успешен.

Клубот е на прав пат, клубот со сопствени играчи ќе се врати кај што му е местото. Благодарност до сите во клубот за ова неописиво засоволство. Од денес не сум повеќе тренер на клубот за кој душата сум ја оставал и на теренот и надвор од него. Покажете љубов кон клубот со дело“, напишал Гуцев.

ПретходноСамо еден човек во Барселона не сака Меси да се врати на “Камп Ноу“!
СледноДортмунд бара богатство: Белингам и за Сити е прескап, останува во игра само ПСЖ!