Искрено се очекуваше дека на дуелот во Ѓорче меѓу Македонија ЃП и А. Пандев, ќе следиме интересен, квалитетен фудбал, со многу шанси, па и со голови, сепак ништо од тоа. Здодевно до немајкаде, бледо издание и на двете екипи.
И Македонија ЃП и А. Пандев играа за да не загубат, и освен погодената статива од страна на Филип Алексовски кај домашните, навистина немаше што да се види.
Очигледно дека стратезите Симов и Васоски и премногу ги респектираа противничките екипи.