Братска пресметка во Битола, дерби во Охрид!

118

Во домашниот ракометен шампионат продолжуваат мечевите во турбо ритам. Дел од клубовите своите натпревари ќе ги одиграат денеска, дел во вторник и во среда. Прв во раниот термин во рамките на 10. коло во плеј-оф лигата е мечот меѓу Пелистер и Пелистер 2, дуелот е закажан во 12 часот.

Посилниот состав по триумфот над Алкалоид оди по нови бодови со кои ќе ја продолжи битката за титулата. На другата страна Пелистер 2 на оваа средва влегува по драматичниот пораз против Бутел Скопје на домашен терен.

Еден час подоцна, Бутел Скопје го пречекува Вардар 1961. Во рамките на плеј-офот денеска ќе се сретнат Охрид и Тиквеш во дерби на колото.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈ ОФ и АУТ – КОЛО 10
15.04.2023 – САБОТА
12:30 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
13:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ВАРДАР 1961 – пренос во живо на МРТ 3
14:30 часот РК СТРУГА – РК ПРИЛЕП
15:00 часот РК СКОПЈЕ 2020 – РК ВАРДАР НЕГОТИНО
17:30 часот ГРК ОХРИД – ГРК ТИКВЕШ 2014
18.04.2023 – ВТОРНИК
19:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК АЛКАЛОИД
19.04.2023 – СРЕДА
18:00 часот РК ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – МРК КУМАНОВО
19:00 часот РК РАДОВИШ – РК ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА
ПретходноПМФЛ: “Пиратите“ го “меркаат“ Работнички, Шкендија го дочекува Тиквеш, “пандевци“ на гости во Ѓорче
СледноВо Кратово ќе “гори“, Силекс и Брегалница во фудбалска “војна“ за европски надежи…