По поразот од Борац Чачак, екипата на Будуќност ја раскина соработката со тренерот Владимир Јовановиќ. Подгоричани цела сезона играа променливо, доживуваа необјасниви порази, меѓутоа Јовановиќ успеваше да се врати со големи победи. Но поразот од Борац ја прели чашата од незадоволство.
Будуќност одлучи да го смени тренерот, а дали тоа е правилна одлука ќе се покаже во петок кога во „Морача“ гостува Партизан. До тогаш ќе се знае името на новиот тренер, а најреална опција е Петар Мијовиќ, пишува црногорски „Вијести“.