Челзи во текот на вчерашниот ден наводно разговарал со тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим за испразнетото тренерско место во лондонскиот состав.
Неколку истакнати тренерски имиња вклучувајќи ги Јулијан Нагелсман и Луис Енрике се поврзуваат со испразнетото тренерско место во Челзи, но „сините“ прво почнале да преговараат со Аморим.
„Гардијан“ пишува дека Челзи разговарал со Рубен Аморим и неговиот агент, но нема информации дали има некаков првичен договор. Аморим е тренер во Спортинг од март 2020 година.