Емери прави чуда, Астон Вила не запира, “размонтиран“ и Њукасл! (ВИДЕО)

209

Па има ли некој да ја сопре оваа Астон Вила предводена од Унаи Емери?

Очигледно е дека нема ако се знае дека и денеска тимот од Бирмингем просто го “размонтира“ еден Њукасл и успеа со 3:0 просто да го понижи, и играчки и резултатски.

Ова беше петта победа во низа или седма во осмиот последен меч, или освени 22 од можни 24 бода.

Нема што, фантастично.

Уште во 11.минута Ремзи донесе водство од 1:0. Во 61.минута Воткинс погоди но ВАР му го поништи славјето, но тоа не го спречи Воткинс во 64. и 83. минута да постигне два гола.

И потоа шмекерски потег на тренерот на Астон Вила, Унаи Емери. Го извади Воткинс во финишот за да двојниот стрелец ги собере аплаузите од домашните фанови.

ПретходноФилип Талески прави трансфер во Бенфика!
СледноАдеми со реми на своето деби за Пекинг Гуан