Лидерот на Серија А, тимот на Наполи со Елиф Елмас во стартниот состав не успеа да слави на домашен терен предмалку во дуелот со Верона и одигра само 0:0.
Иако се сметаше за огромен фаворит, сепак Наполи на овој дуел не ги искористи шансите и освои само бод.
Сепак, секако дека во фокусот на тимот не беше овој дуел, туку оној против Милан во елиминационата фаза од Лигата на Шампионите.