Во салата „Билјанини извори“ се одигра вистински дерби натпревар. Охрид по пресврт го совлада Тиквеш со 22-21 во меч од 10 коло во плеј-офот. За охриѓани ова беше четвртти триумф, додека за кавадарчани четвртти пораз во последните пет меча, во кој има и едно реми.
Победникот се решаваше во последните пет минути во кои Шешиќ заедно со Каракоќ постигнаа важни голови за својот тим и голема радост на трибините. Тиквеш на одморот имаше минимална позитива од 12-13.
Во поголем дел од првото полувреме контролата ја имаа избраниците на Данило Брестовац, водеа со 7-10, 8-11 и 9-12, но не го задржаа темпото.
Цицар имаше шест гола кај победникот, кај поразениот состав исто толку погодоци имаа Симиќ и Хамзиќ.