Мајами хит и Минесота се последните тимови кои го заверија своето место во плејофот во НБА лигата.
Мајами на домашен терен го совлада Чикаго со 102-91 и тоа благодарение на добрата игра во последните неколку минути кога со серија од 13:1 стигна до двоцифрена победа. Џими Батлер и Макс Струс имаа по 31 поени кај победничкиот тим, додека Демар Дерозен постигна 26 поени и девет асистенции за Чикаго.
Минесота беше подобра од Оклахома со 120-95 против Оклахома.
ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈОФОТ
Запад: Денвер – Минесота, Феникс – ЛА Клиперс, Сакраменто – Голден Стејт и Мемфис – ЛА лејкерс.
Исток: Милвоки – Мајами, Кливленд – Њујорк, Филаделфија – Бруклин и Бостон – Атланта.