Полувреме: Борбено во Велес, Победа прво ја шокираше Струга ТЛ, но лидерот сега има водство, води и Шкендија…

461

Три гола на првите полувремиња од сите пет средби од ова 27.коло во ПМФЛ.

Во Струга гостите од Прилеп поведоа со гол во 19.минута, но по низа пропуштени шанси Бојку во 42.минута израмни. Во последните секунди Ибраими од пенал му носи водство на својот тим. Со тој резултат од 2:1 се замина на пауза.

Шкендија со голот на Милев во 40.минута на пауза замина со 1:0 против Тиквеш.

Нема голови во Ѓорче и во Кратово, исто нема голови во Велес каде играат Работнички и Скопје еден борвен натпревар.

Прво Мазари во 8.минута ја погоди стативата на Скопје, за да во 40.минута Работнички имаше две шанси во еден напад и тоа преку Рушевиќ и Шаркоски. Првиот удар голманот на гостите Ефремов го одбрани, за да Шаркоски потоа шутираше над голот на „пиратите“.

ПретходноСтруга фати залет, Скопје сигурен против Вардар Неготино!
СледноМилан до бод кај Болоња! (ВИДЕО)