Ете, и таков се најде. Имено само еден човек во Барселона не сака Меси да се врати на “Камп Ноу“, едноставно не може да го смисли Аргентинецот, иконата на Барса, фудбалерот кој на каталонците им ги донесе сите можни пехари и тоа по неколку пати.
А тоа е Џерард Пике. Стоперот кој сега е во пензија, но сепак сеуште има функција во Барса. Познато е дека тој и Меси се “спречкаа“ пред две години, а Пике беше гневен на тоа дека сопругата на Лео, Антонела застана на страната на Шакира кога пејачката минуваше низ проблеми во бракот со Пике.
Се шпекулира во каталонските медиуми дека некогашниот дефанзивец лобирал как раководството на клубот против враќањето на Меси.