Манчестер Сити го совлада Лестер со 3:1 во меч од 31 коло на Премиер лигата и со тоа ја продолжи трката по титулата со Арсенал. Сега разликата меѓу второпласираниот Сити и лидерот Арсенал изнесува три бода.
Вечерва Сити без проблем го победија некогашниот англиски шампион, кој игра очајна сезона и се наоѓа на претпоследното место на табелата.
Уште во првото полувреме се наѕираше победникот. Џон Стонс го отвори резултатот во 5 минута, а потоа од 13 до 25 минута Ерлинг Халанд постигна два гола (еден од пенал) и со тоа донесе убедливо водство за „граѓаните“ од 3:0.
Халанд стигна до 32 премиерлигашки голови сезонава.
„Лисиците“ намалија преку Ихеначо во 75 минута.
Сити има пет победи по ред над Лестер во Премиер лигата, односно 11 победи на последните 13 дуели.
ГОЛОТ ОД ВОЛЕЈ НА СТОНС НА ОВОЈ ЛИНК
ВТОРИОТ ГОЛ НА ХАЛАНД НА ОВОЈ ЛИНК