Горица, тимот кој грчевито се бори за опстанок во елитната лига на Хрватска, во петокот успеа да слави на гости кај Шибеник со 0:4 и да освои големи, големи три бода.
Се разбира дека на пат накај дома имаше славје во клупскиот автобус, а се пиело и алкохол, барем според зборовите на тренерот Жељко Сопиќ.
И кога стигнале дома, фудбалерите на Горица ги чекал шок, имено тренерот Сопиќ им наредил да одработат тренинг и тоа по полноќ од 01.30 до 02.30 часот.
Тие си помислиле дека е некоја шега, но кога виделе дека на помошниот терен рефлекторите биле вклучени тогаш сфатиле дека мора да го одработат тренингот.
И така и беше, секако дека виновен е алкхолот.