Уште еден студен туш за Интер – Монца ги однесе бодовите од „Меаца“

151

Екипата на Монца стана жежок костен за Интер сезонава. Откако одигра 2:2 во јануари на првиот меч, вечерва на вториот Монца славеше со 1:0 на „Џузепе Меаца“ и со тоа му нанесе сериозен удар на Интер во трката по излез во Лигата на шампионите.

Не само тоа Интер веќе пет кола не знае за победа, а во тие мечеви освои само еден бод (1:1 со Салернитана, а другите ги загуби).

Монца не блескаше, повеќето од времето се бранеше од нападите на „нероаѕурите“, а својот момент го дочека во 78 минута кога дефанзивецот Лука Калдирола ја затресе мрежата (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).

Интер го впиша 11-тиот пораз, а со 51 бод е на петтото место на табелата. Монца е на 12. позиција со 38 бода, а ја впиша 10-тата победа.

 

ПретходноMaкедонија со 10 борачи на ЕП во Загреб
СледноМЗТ го удавија во плиткото оние кои матно пливаат во длабокото