Тимот на Челзи не успева да се справи со резулатската криза ниту со Френк Лампард како менаџер. Загуби на домашен терен од Брајтон со 1:2, и покрај тоа што имаше и стартно водство.
Галагер погоди во 13. минута и кога сите помислија дека конечно и дојде крајот на ужасната серија дојде до сосема спротивен епилог.
Велбек односно Енсико направија пресврт и го оставија во чудо тимот на Челзи што му се случи.
Од друга страна очаен и Тотенхем во дуелот со Борнмут затоа што загуби на домашен терен со 2:3.Сон со почетни 1:0 за домаќинот, изедначи Вина.
Соланке за 1:2, Данџума изедначи во 88.минута но очигледно Тотенхем во моментов не е кадарен да издржи ниту минута па во судиското продолжение интернационалецот од Буркина Фасо, Оутара ги постави конечните 2:3.
Евертон загуби од Фулам со 1:3, Саутемптон од Кристал Палас 0:2, додека пак Вулверхемптон го совлада Брендфорд со 2:0.