Екипата на Бетис ја прекина мини серијата од два порази во Ла Лига со денешниот триумф на домашен терен над Еспањол со 3:1. Перез и Миранда донесоа водство од 2:0 за Бетис во првото полувреме, само што почна второто Монтес намали меѓутоа точка стави Вилијам Карваљо со голот во 69 минута.
Оваа победа на Бетис е многу драгоцена затоа што сега има 48 бода, три помалку од четвртопласираниот Реал Сосиедад кој го држи последното место кое води во Лигата на шампионите идната сезона.
Од друга страна Еспањол реди порази. Ова е шести пораз по ред и тимот е на претпоследното место на табелата.