Во натпревар од 10.коло во нашата ракометна Суперлига во плеј – офот, попладнево Вардар 1961 успеа како гостин да слави над Бутел со 24:30 (14:18).
Ова беше деветтата победа на вардарци во плеј – офот во десетиот натпревар.
Во текот на целиот натпревар шампионот, иако и сега се комбинираше со составот, ги контролираше настаните на теренот и на крај успеа да слави победа и тоа на рутински начин.
И покрај сите напори кои ги вложија домашните ракометари, сепак ни тоа не беше доволно да се дојде до шанса за изненадување. Освен во вториот дел кога дојдоа до -3 гола, но тоа беше се што успеаја да направат.
Младеновски со 7 голови беше најефикасен кај домашните, но и на мечот, додека кај Вардар по 5 голови постигнаа Талески и Георгиевски.
Да кажеме дека во последните минути од средбата се повреди Чувара, па мораше да биде изнесен од теренот, јасно е дека ова е лоша вест за стручниот штаб на вардарци.